Од партијата на Бачев тврдат дека власта планира да го апси по референдумот

by fokus

Од „Единствена Македонија“, партијата на Јанко Бачев, тврдат дека власта планира акција за негово апсење по референдумот. Од таму посочуваат дека имаат документи кои го докажуваат тоа, а кои ќе ги презентираат пред јавноста на прес конференција во текот на денот.

Според партијата постои конструиран случај на актуелната власт за апсење на нивниот лидер. Бачев изминатиов период ја промени ориентацијата на својата партија во проруска и е жесток противник на референдумот.

 

Поврзани новости