Од компанијата „Хафет турс“ уверуваат: Нема повредени патници, ниту оштетувања на багажот

by fokus

Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс“ изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјави за МИА Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс“.

– Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж, тврдат од компанијата.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс“ од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

 

Поврзани новости