Никогаш ниту една реченица на Оливер не започна со „Јас“

by fokus

Колегите и соработниците на легендарниот Оливер Драгојевиќ, од целиот Балкан, денес се простуваат со него и споделуваат сеќавања за неговиот лик и дело.
Еден од многубројните пријатели на Драгојевиќ, музичарот Златан Стипшиќ – Џибони, раскажува за неговиот талент, но и за големата човечност и приземност, и покрај огромната слава.

-Песните „Потсети ме што беше тоа љубов“, „Магдалена“, „Галеб“ и многу други немаат рефрен, во ниту еден миг ништо не се повторува. Значи, го нема тој рефрен за кој можеш да се фатиш, приказната оди од „А“ до „Б“ и ако не си ја ислушал целата, не знаеш за што станува збор. Тој сигурно има над 40 фантастични песни, и можеше да направи два концерти еден по друг, без да повтори некоја песна, и сето тоа да биде сензационално – раскажува музичарот.

Тој додава дека Оливер бил многу едноставен човек, никогаш не ги комплицирал нештата.

-Имаше една карактеристика која никогаш не сум ја сретнал, а тоа е дека ниту една реченица не му започнуваше со „Јас“. Никогаш не рече дека имал супер концерт, туку дека сме имале супер концерт. Ќе спомнеше и кој бил гостин, но никогаш не се стави себеси во прв план. Како да не сме дошле за него, а всушност сите доаѓавме поради него. Немаше тој его и суета, тоа кај него живее на друга адреса. Неговиот опус е многу позначаен, отколку што му дадовме на знаење – вели Џибони за хрватскиот портал 24сата.хр.

Поврзани новости