Немало физички напад во „8ми Септември“, лекарката била вербално нападната

by fokus

Немало физички напад во вчерашниот инцидент кој се случи на Одделот за интензивна нега во болницата „8ми Септември“. Според записникот кој бил подоцна сочинет од полициските службеници пријавен бил вербален напад и нарушување на јавниот ред и мир.

Според полицијата 40-годишниот Џ.Ф. од Скопје вербално ја нападнал лекарката 41-годишната К.Т.М. Нападот се случил откако починал пациент во болницата, кој бил роднина на напаѓачот.

Случајот бил пријавен во полицијата и е сочинет записник. Против напаѓачот е покрената прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир.

Во меѓувреме лекарските здруженија реагираа и побараа повторно поголема безбедност за медицинскиот персонал.

М.В.

Поврзани новости