Неготинецот Васо Ташев случајно ги пронашол фосилите на слонот стар осум милиони години

by fokus

Благодарение на Васо Ташев од неготинското село Долни Дисан, Македонија се најде на европската палеонтолошка мапа. Тој е заслужен за откритието на фосилни остатоци од изумрен слон, стар околу осум милиони години.

Чепкајќи по земјата во близина на селото, Ташев минатата година нашол еден дел од коска но не можел да препознае на кое животно му припаѓа. По откритието го известил Музејот, а за да ја заштити коската ја покрил со земја.

Кога археолозите ја откопале коската сфатиле дека се работи за фосилни остатоци на слон од големо значење. Активностите на локалитетот тогаш запреле, а продолжија на 20-ти април годинава.

Екипите на Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија велат дека се работи за наод со големо научно значење. Пронајдени се две коски од екстремитети и катници според кои ќе може да се дознае староста и возраста на животното.

Станува збор за родот Choerolophodon pantelici, кој е општо познат во Македонија и Европа. Потекнува од времето на т.н. фауна, кога природата на Балканот била многу поблиску до далечната африканска фауна отколку сегашната

До крајот на годината овој наод да биде изложен во постојаната изложба на Природонаучниот музеј.

Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката.

Поврзани новости