Не сум експeрт за криминал, рече Стефанова на прашање дали е правилно Јанева да комуницира со Камчев

by fokus

Не сум експерт за кримина, рече обвинителката Лиле Стефанова, на новинарско прашање дали е правилно обвинител да комуницира со осомничен во предмет, како што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, комуницирала со бизнисменот и осомничен во случајот „Империја“, Орце Камчев.

Стефанова денеска се појави во Кривичниот суд, каде требаше да почне ново рочиште за предметот „Титаник“, кој таа го застапува.

Откако судењето беше одложено, на излез од судот, новинари ја прашаа Стефанова дали СЈО ја изнервери јавноста, на што таа одговори дека за тоа ќе мора да се праша нејзината шефица, Катица Јанева.

Поврзани новости