421
На улица „Маршал Тито“ во Тетово вчера околу 11.50 часот биле нападнати двајца тетовци додека делеле флаери поврзани со референдумот. Како што подоцна пријавиле во полиција, 23-годишниот Д.А. и 18-годишниот Х.Џ најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.(43) од Тетово.
„Двајцата пријавители делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум, а според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.