449
Екс амбасадор од редовите на ВМРО-ДПМНЕ бил физички и вербално нападнат синоќа во угостителски објект во Скопје, бил навредуван и нарекуван предавник. Зад нападот, пак, стои син на поранешен градоначалник на Бутел, исто така од ВМРО-ДПМНЕ.
Напаѓачот прво му упатил пцовки на екс амбасадорот и како што велат очевидци му рекол „го продадовте името“. Потоа го удрил во задниот дел од глава, по што нападнатиот паднал на земја.
Поранешниот амбасадор, инаку, изминатиов период се залагаше за гласање на референдумот и изјавуваше дека бојкотот е против интересите на државата.