477
Социјалдемократската младина на Македонија во Кичево ја пречека кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, со плакат на кој пишуваше „Ова е Кичево, не е Кочани!!! ИмаТ разлика“.
Силјановска позитивно ја прими оваа порака, која следи откако на митингот во Кочани направи гаф и рече дека свекрва ѝ е од Кичево, па се извини и поправи дека е од Кочани.
– Најдобар синоним за младите е слободата. Кога тие се слободни се и креативни. Им честитам на креативноста. Морам да признаам дека ме насмеавте. Но, сакам да истакнам дека ќе се борам за сите подеднакво, како Кичевци, така и Кочанчани и сите останати – напиша Силјановска во опис на фотографијата од Кичево која ја објави на Твитер.