Мицкоски со поддршка до Димовски: Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати порака со поддршка за пратеникот Љупчо Димовски, на кого му се заканува притвор откако пратениците од Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања одлучија да го прифатат барањето на Кривичниот суд.

„Човек кој безпоштедно се троши за Македонија! Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…“, напиша Мицкоски по вчерашната седницата на Комисијата.

Човек кој безпоштедно се троши за Македонија! Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. Љубац до крај заедно, во добро и во лошо…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Samedi 2 février 2019

Со вчерашната одлука собраниската Комисија му препорача на Собранието да му го одземе имунитетот на Димовски. Тој е осомничен дека ја злоупотребил службената положба додека беше министер за земјоделство. За истото дело во притвор се и поранешните министер и заменик Михаил Цветков и Кристијан Делев, а Ацо Спасеновски во домашен притвор.

 

Поврзани новости