Мицкоски со христијанска порака пред лидерската средба: Не си ти виновен затоа што некој друг погрешил

by fokus

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на денешната лидерска средба напиша енигматичен статус на својот фејсбук профил, со христијанска порака.

„Не си ти виновен затоа што некој друг погрешил, прости им боже не знаат што прават…, но виновен ќе бидеш, ако имаш можност да ја исправиш грешката, а не го сториш тоа и ја игнорираш ситуацијата“, стои на неговиот фејсбук профил.

Не е јасно кому му се обраќа Мицкоски, дали на власта, на својата партија, или можеби на себе си.

Партиските лидери денеска по трет пат на маса ги ставаат прашањата за формирањето на ДИК, Изборниот законик, референдумот, и како што тврди владејачката партија барањето за промена на Кривичниот закон како би се спасиле од одговорност поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости