Министерство за култура офарбано во боите на македонското знаме, „Млади за Македонија“ најавуваат црвено-жолт отпор

by fokus

Непознати лица истуриле боја викендов врз влезната врата и фасадата на Министерството за култура. На влезот се испишани и буквите „МКД“.

Од Министерството за внатрешни работи немаат информации кои го офарбал Министерството со боите на македонското знаме.

Од таму велат дека во саботата на полноќ вработен во Министерството го пријавил случајот во полиција, но се преземаат мерки за да се најдат сторителите.

Фотографија од офарбаното Министерство се најде на фејсбук страната „Млади за Македонија“, кои изминативе месеци протестираа против промена на името.

„Денес не умре Македонија, денес се роди црвено-жолтиот отпор на македонскиот народ! Министерството за Култура офарбано во македонските национални бои! Ова е знак дека борбата на македонскиот народ не е завршена, туку борбата сега почнува!“, пишува на постот.

Поврзани новости