Мијалков: Не е мој стил да бегам, ќе ја одлежам казната ако Апелација ја потврди пресудата

by fokus

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој денеска беше осуден на три години затворска казна во предметот „Титаник 2“, се обрати пред судот во врска со барањето на обвинителката Фатиме Фетаи, да му биде изречена мерка притвор до правосилност на пресудата.

Мијалков рече дека тврдењето дека постои опасност од бегство е шпекулација и дека не е поткрепено со докази или аргумент.

-Напротив ако се осврнеме ретроспективно на изминативе години можеме да заклучиме дека наративот на моето однесување од тој период со ниеден гест не даде индиција дека сум помислил, а камоли да планирам такво нешто. Јас во неколку наврати ја кажав филозофијата на моето размислување, со бегање проблемите не се решаваат. Стилот на моето живеење не е бегањето. Доколку Апелациониот суд потврди, тоа ќе го решам со извршување казна, никако со бегање – рече Мијалков.

Поврзани новости