Мијалков бара поништување на предметот „Тортура“, обвинението било поднесено со задоцнување од 20 дена

by fokus

Адвокатскиот им на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, денеска се повика на начелното правно мислење на Врховниот суд и побара одбивателна пресуда во предметот „Тортура“ за Мијалков, со тврдење дека обвинението е поднесено со задоцнување од 20 дена, пишува „САКАМ ДА КАЖАМ“.

Според адвокатите на Мијалков предметот за бруталното апсење на Љубе Бошковски, бил преземен од редовното Јавно обвинителство на 4.12.2015, а обвинителниот акт е поднесен на 29.6.2017. Според начелното правно мислење на Врховниот суд, пак, рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО може да биде само 18 месеци од преземањето на предметите и бомбите од страна на СЈО.

Обвинителот од СЈО Љубомир Лапе рече дека овој предлог на одбраната треба судот да го одбие бидејќи пред себе имаат правосилен обвинителен акт, оценет и потврден од Основен суд Скопје 1.

 

Според него во законот за СЈО, членот 22 наведува дека рокот почнува да тече од приемот на предметите и материјалите, а не само ако е исполнет едниот од овие два услова. Тој рече дека треба двата услова да се исполнат за да почне да тече рокот од 18 месеци.

 

Судијката Александра Ристевска се повлече за да одлучи по барањето на Мијалков постапката да биде итно прекината и тој да биде ослободен од кривично гонење.

Поврзани новости