Во најголем дел од прислушуваните разговори се јавуваат поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и новинарот, Драган Павловиќ Латас, изјавија обвинителите од СЈО во гостување на 1ТВ.
Тие открија уште еден податок, непознат за јавноста, дека меѓу најприслушуваните функционери е и поранешниот советник во Царинска управа, Владо Мијалков, брат на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.
Обвинителката Катица Јанева рече дека тоа е необично бидејќи прислушуваните разговори потекнуваат од Управата за безбедност и контраразузнавање, со која управувал Сашо Мијалков.
-Као може брат да биде најприслушуван? Тоа е невообичаена работа. За него се уште се дослушуваат разговорите. Има повеќе предистражни постапки за кои се прибираат докази. Ќе видиме како ќе тече постапката – рече Јанева.