Малолетничка пријавила дека Косовец ја однел во Призрен за да имаат сексуален однос

by Fokus

Малолетно девојче од скопско село пријавило во полиција дека Косовец ја однел во Призрен, каде имале сексуален однос, соопштија од МВР. Од таму додаваат дека малолетничката претходно се допишувала со Косовецот на социјалните мрежи.

„На 09.04.2023 во 17.00 часот во Полициска станица Драчево, малолетничка од скопско село, во присуство на нејзината 44-годишна мајка, пријавила дека на 07.04.2023, Д.Б. од Република Косово, со кого претходно се допишувала преку социјална мрежа, ја земал од Скопје со патничко возило и отишле во Призрен, каде имал сексуален однос со неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од полицијата.

Поврзани новости