Макрон ќе оди до крај со пензиската реформа, улиците на Париз во пламен

by Fokus

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во следните два дена ќе го потпише законот за пензиската реформа откако Уставниот суд го одобри денеска зголемувањето на страносната граница за одење во пензија од 62 на 64 години. Со тоа е отфрлено барањето за референдум по ова прашање.

Франција и денеска е на нозе поради оваа реформа. Синдикатите му порачаа на Макрон дека ниту еден синдикалец нема да преговора со него ако го потпише законот. Тие ги повикуваат работниците да ги интензивираат штрајковите од следната недела.

Илјадници демонстрати се собраа на плоштадот пред градската куќа во Париз. Протести има и пред Уставниот суд на Франција. Демонстрантите повикуваат на револуција. Тие бараат Фрегзит, по анологија на Брегзит, отцепување од Европската унија, бидејќи сметаат дека реформата е наметната од ЕУ.

Според локалните медиуми расте тензијата на протестите. Демонстрантите палеа факли, ѓубре од контејнети, а на неколку локации се судрија со полицијата.

Поврзани новости