Мајката на Пино: Доживотен затвор за двајцата убијци, нивна среќа што Македонија нема смртна казна

by fokus

Мајката на убиениот Пинета Секондо, Маја Трпковска, ќе бара доживотна казна за двајцата осомничени за убиството на нејзиниот син. Таа вели дека уште на самиот почеток од потрагата по нејзиниот син сметала дека има нешто сомнително околу неговата другарка Ангела, која е второосомничена во истрагата.

-Ќе се борам за доживотна казна, тие не треба да излезат веќе никогаш од затвор. Како може човечки ум, нарочито на девојка од 22 години, да размислува така, да убие свој другар и шест месци да си нема гајле, да си спие, да си шета. Тоа е нечовечки, таа е монструм. Среќа што не постои во Европа смртна казна, да бевме во Америка ќе добиеше смртна казна – рече Трпковска денеска откако даде исказ во Јавното обвинителство.

За мотивот на убиството таа вели дека  не знае кој е, но претпоставува дека е љубомора. Автомобилот на Пино, додаде таа, се уште не е пронајден.

Мајката на убиеното момче додаде дека е задоволна од секторот за крвни деликти при МВР, но дека е разочарана од секторот за исчезнати.

-Според мене не треба ни да постојат, не се професионални. Како можеа овие од крвни деликти за неколку дена се да откријат. Уште тогаш на вработените во секторот за исчезнати им реков, видете ја локацијата на телефонот. Земаат државна плата, а се неспособни да работат. Ангела кога ја ставија на полиграф ми велеа „девојчето е мирно“. Се виде колку е мирно – изјави Трпкоска.

Поврзани новости