451
34-годишната С.В. од Скопје и нејзината малолетна ќеркичка се здобиле со тешки телесни повреди откако биле прегазени на регионалниот пат Скопје-Велес. Како што информираа од МВР во нив удрил „Фолксваген Пасат“ управуван од 52-годишен маж.
„На 06.05.2019 година во 17.20 часот на регионалниот пат Скопје-Велес, кај с.Трубарево, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(52) од с.Огњанци, скопско, удрило во пешакот С.В.(34) од Скопје и нејзината малолетна ќерка. Во незгодата С.В. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а девојчето се здобило со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје“, соопштија од полицијата.