Лидерот на Србите во Црна Гора негостопримлив кон Џафери: Тој пукаше кон македонската полиција

by fokus

Црногорскиот парламент е поделен по прашањето за ратификација на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, пишуваат црногорските медиуми. Власта во црногорскиот парламент го поддржува протоколот, додека опозицијата се противи.

Шефот на црногорската дипломатија, Срѓан Дарматовиќ, истакна дека пратениците пред себе имаат историска одлука и дека пристапувањето на Македонија во НАТО е добра вест за целиот регион.

Но лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ, порача дека Демократскиот фронт нема да го поддржи протоколот и им замери на пратениците на владејачката ДПС затоа што свечено го пречекале претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

-Тој е познат по носењето на автомати и пукање кон македонската полиција. Срам да ви е – порача Мандиќ.

 

Поврзани новости