Крузер од 1.000 тони го потопи туристичкиот брод во Будимпешта

by fokus

Бројката на жртви кои загинаа во синоќешната несреќа на Дунав во Будимпешта се искачи на осуммина, додека бројот на исчезнати по кои се трага е 21. Бродот потона откако на него налета луксузен крузер, кој, според информации на унгарските медиуми, тежел околу 1000 тона.

Крузерот е долг 135 метри и широк 12 метри, а достигнува брзина до 15 километри на саат.

Спасувачите служби за локалните медиуми изјавиле дека мали се шансите да има преживеани меѓу оние по кои се трага.

-Како портпарол на амбулантната служба, не сакам да кажувам дека нема надеж, но ќе речам дека шансите се минимални – изјавија од унгарската Брза помош.

Унгарската полиција отвори истрага за несреќата и во тек е увидот на лице место. До сега од реката се извлечени осум жртви, додека седуммина се хоспитализирани во три болници во Будимпешта.

Во меѓувреме јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека во Будимпешта ќе допатува министерот Канг Кјунг Ва, бидејќи настраданите се државјани на Јужна Кореја.

Поврзани новости