Корегирана националноста „северномакедонец“ од профилите на македонските кошаркари

by fokus

По бурните реакции на социјалните мрежи поради тоа што македонските кошаркари беа наречени „северномакедонци“ на сајтот за кошарка „Евробаскет“, нациналноста во графата е утринава корегирана. Како и претходно на профилите на Перо Антиќ, Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски, Јане Петровски и Ѓорѓи Чековски, повторно во делот националност стои ПЈР Македонија.

Речиси секој има пристап до промена на содржината на сајтот „Евробаскет“. Оваа веб страна нуди информации за европската и светската кошарка, но секој може да ја уредува и менува содржината.

Промената во North Macedonian деновиве ги зовре страстите на социјалните мрежи. Противниците на договорот со Грција промената на националноста ја наведоа како уште еден аргумент против, иако договорот предвидува во графите за државјанство да стои Македонец/ граѓанин на Република Северна Македонија.

Поврзани новости