471
Предлог одлуката за распишување на референдумот предвидува дека тој ќе биде консултативен и дека ќе се одржи на 30-ти септември. Прашањето е она што го најави и премиерот Заев: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“
ВМРО-ДПМНЕ се уште остро се противи на вака формулираното прашање. Во тек е координација во кабинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери, со претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
По ова се очекува Џафери да ја закаже собраниската седница на која ќе се гласа за распишување на референдумот. Седницата најверојатно ќе се одржи околу 15.00 часот попладне, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да ја бојкотираат.