583
Ќе увезуваме работна сила, но не во секој сектор, туку онаму каде има потреба, изјави вечерва за „Сител“, вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Како што рече тој Владата има план како да ги одврати луѓето да се иселуваат.
-Целата дискусија со стопанските комори околу увозот на работна сила каде има ниско квалификувана работна сила која се плаќа повисоко, е што тоа ќе овозможи нашите сограѓани да се преориентираат на работни места каде платите се повисоки, подостоинствени. Наместо да добивате минимална плата со стручно знаење во јавен сектор, лесно ќе може да се преориентирате во приватен сектор каде платите можат да бидат 40 тосто повисоки – рече Битиќи.