По се изгледа дека нема да има двотретинско мнозинство во парламентот за да му се одземе пратеничкиот мандат на екс премиерот, Никола Груевски. Пратеничката, Елизабета Канческа-Милевска, денеска децидно изјави дека нема да гласа за таквиот предлог.
-Нема да гласам за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски – одговори таа на новинарско прашање.
Истото го потврдиле и пратениците од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа исклучени од партијата.
Нивниот глас беше клучен затоа што услов за одземање на пратенички мандат е двотретинското мнозинство.
Инаку, деновиве Комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да одржи комисиската расправа по однос на известувањето од Кривичниот суд дека пресудата против Груевски во случајот „Тенк“ е правосилна.