Јовановски за понудата на Заев: Не ги „туркајте пратениците“ да притиснат копче, договорете се со Мицкоски

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, прв ја прокоментира вчерашната понуда за помирување и простување на настаните од 27 април, понуда која вчера ја даде премиерот, Зоран Заев, на почетокот од собраниската расправа за отворање на Уставот.

-Немојте господине Заев овие пратеници да ги туркате да притискаат копче за кое не дале заклетва. Вие сте предлагач, не сте пратеник, и Мицкоски не е пратеник. Ви предлагам да се затворите 5 до 10 дена со него, да разговарате максимално како треба и да донесете заклучок за иднината на Македонија, а ние после тоа да разговараме овде – рече Јовановски.

Тој го цитирше рускиот писател Фјодор Достоевски кој во еден свој роман вели: „Ништо не е случајно, се е договорено“ и им се обрати на пратениците од власта.

-Кога ги слушав вашите говори ми личеа на писмена работа по македонски јазик. Немам причина да верувам дека не е така. Но ништо не е случајно, се е договорено. Уште еднаш ќе ви се обратам господине Заев, учтиво, човечки и од дното на душата, немојте да ги туркате пратениците онаму каде не треба. Седнете разговарајте и донесете решение. Ние дадовме заклетва овде, секое друго убедување не води кон добрина – порача тој.

Поврзани новости