Јован Митревски фаворит за наследник на Тунтев како координатор на СДСМ

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, најверојатно ќе го наследи Томислав Тунтев на позицијата координатор на пратеничката група на владејачката партија во Собранието.

Заменици на Тунтев се Митревски и Соња Мираковска од НСДП. Тие ќе ја извршуваат функцијата додека пратеничката група не избере нов координатор.

Пратеникот Јован Митрески е роден на 20 ноември 1980 година во Струга. По професија е дипломиран економист, а студиите ги завршил на Економскиот факултет Прилеп, „Св.Климент Охридски“ во Битола.

Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а неговото место во пратеничките клупи да го заземе Рубин Земон.

М.В.

Поврзани новости