Пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, најверојатно ќе го наследи Томислав Тунтев на позицијата координатор на пратеничката група на владејачката партија во Собранието.
Заменици на Тунтев се Митревски и Соња Мираковска од НСДП. Тие ќе ја извршуваат функцијата додека пратеничката група не избере нов координатор.
Пратеникот Јован Митрески е роден на 20 ноември 1980 година во Струга. По професија е дипломиран економист, а студиите ги завршил на Економскиот факултет Прилеп, „Св.Климент Охридски“ во Битола.
Томислав Тунтев си поднесе оставка како пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Се очекува оставката на Тунтев да биде констатирана на денешната собраниска седница, а неговото место во пратеничките клупи да го заземе Рубин Земон.
М.В.