Јанкулоска два пати се пожалила кај народниот правобранител

by Fokus

Поранешната министерка за внатрешни работи и осуденичка, Гордана Јанкулоска, поднела две претставки кај народниот правобранител за непочитување на нејзините човекови права во затворот „Идризово“ каде отслужува затворска казна. Првата претставка е за неможност за користење на погодности, изјави во интервју за РСЕ, советничката на омбудсманот Васка Бајрамовска – Мустафа.

Како што е познато Јанкуловска и затвореничките во „Идризово“ се жртви на полова дискриминација. Тие немаат право на посети надвор од установа, одмор и работно ангажирање како што имаат мажите затвореници. Во овој контекст реагираше пред неколку дена и сопругот на Јанкуловска, кој рече дека народниот правобранител во овој дел не си ја завршил својата работа.

„Со оглед на тоа што станува збор за женскиот дел од осудените лица, каде што во изминативе години немало толку многу звучни имања кои би можеле евентуално да го артикулираат соодветно овој проблем, да го изнесат пред надлежните институции и слично, биле оставени така, сами на себе. Дефинитивно, тука не си ја завршиле работата ниту Народниот правобранител ниту Хелсиншки ниту други организации што имаат амбиции да ги заштитуваат човековите права, вклучително и правата на осудените лица. Не било евидентирано тоа како проблем и било оставено на дневна основа да си тече како што е“, рече Влатко Илиевски во интервју за „360 степени“.

Втората претставка на Јанкуловска била за непостапување на Комисијата за заштита од дискриминација. Откако народниот правобранител реагирал, Комисијата ја донела одлуката со која се утврдува дека Јанкулоска била дискриминирана од управата на затворот „Идризово“.

Поврзани новости