Тројца скопјани синоќа се здобиле со телесни повреди, откако доживеале тешка сообраќајка на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според билтенот на МВР сообраќајната несреќа се случила околу 01.25 часот кога патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.
„Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди. Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, информираа од полицијата.