Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиовски, на денешните пратенички прашања во Собранието го повика премиерот Зоран Заев на морална одговорност затоа што, рече, ги манипулирал родителите на жртвите во петкратниот масакр.
-Ги манипулиравте родителите дека имате докази, мафтафте со нив, за сега да кажувате дека тој разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и функционерот на ДУИ, Невзат Бејта, е за субвенции. Или тогаш манипулиравте или сега не лажете нас – рече Илиовски.
На пратеничкото прашање на Илиовски, Заев одговори дека да имал конкретни докази ќе ја објавел бомбата до крај.
-Таму има сериозни индиции и обврска ми беше да ги предадам на СЈО, но и да му ги покажам на таткото на едно од убиените момчиња. Имаше можнст да види дека Азири разговара со Бејта молејќи го да му помогне за исплата на сувенциите. Сите тие материјали се доставени до СЈО. Случајот заслужува истрага затоа што има дополнителни докази кои треба да се истражат. Апсолутно поставувањето на вакви прашања можат да бидат само гол популизам – рече тој.