Игор Југ му се развика на пратеник во судската сала: Што се криеш сега бе?!

by fokus

Напната атмосфера на почетокот на денешното рочиште за 27 април. Откако затворската полиција го донесе Игор Југ во судската сала, тој почна да им вика на обвинетите. Неговата нетрпеливост доаѓа по изгласување на Законот за амнестија, во кој е исклучено делото за кое тој се товари, односно носење оружје во Собранието.

Затворската полиција и присутните припадници на „алфите“ мораа да станат и да интервенираат кога Југ му се обрати на еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се криеш сега бе како пи*ка под кошула?“, му рече тој на пратеникот, пренесе СДК.мк.

Поврзани новости