Од кабинетот на државниот министер во германското МНР, Михаел Рот, се извинаа за името „северномакедонци“ што го употреби Рот во вчерашното интервју за „Дојче веле“. Од кабинетот ја исправија грешката неколку часа по објавување на интервјуто.
„Од кабинетот на Рот нѐ информираа дека била во прашање грешка која треба да се исправи и наместо „северномакедонски” да се наведе „македонски“, пишува „Дојче веле“.
Рот не нарече „северномакедонци“ во контекст дека заслужуваме почеток на преговори бидејќи сме напреднале во реформите заедно со Албанија.
„Албанија и Македонија направија голем чекор напред на патот кон ЕУ и нашите северномакедонски и албански пријатели можат да бидат многу горди на тоа“, рече Рот во разговорот.
Слично нешто се случи и пред неколку дена кога во писмото за поддршка европратеници предводени од Кнут Флекенштајн не нарекоа „северномакедонци“, а потоа се извинија.