Груевски: Госпоѓо дали гледате дека името се менува

by fokus

На новинарско прашање дали е негов гласот на снимките од прислушуваните разговори, кои ќе се употребуваат како доказ во судската постапка против него, екс премиерот, Никола Груевски, одговори дека спорот за името е побитен.

-Госпоѓо, гледате дека името се менува – изјави Груевски по денешното рочиште за случајот „Тенк“, каде е обвинет за набавката на мерцедесот во вредност од околу 600.000 евра.

Според Груевски судењето е монтиран процес за да се дефокусира јавноста, па наместо за името, јавноста да се занимава со неговото појавување на суд.

 

Поврзани новости