Гоца Тржан и Шерифовиќ разочарани што македонското жири не даде ниту поен за српската претставничка

by fokus

Музичката сцена во Србија разочарана од македонското жири што не додели ниту поен за српската претставничка на Евровизија.

„Благодариме на браќата од Македонија на нулата, јас гордо гласав за Тамара“, напиша на својот „Твитер“ профил пејачката Гоца Тржан.

Реакција на неверување дека Македонија не ѝ додели поени на Србија, претходно искажа и Марија Шерифовиќ, победничката на Евровизија според која мора да се најде македонското жири и јавно да се објави кој не дал глас на нивната земја.

Инаку, македонскиот композитор Дарко Димитров беше дел од тимовите на двете земји. Тој заедно со Роберт Билбилов и Лазар Цветковски ја компонираа баладата „Proud”, а исто така го направи и аранжманот за песната „Круна” на српската претставничка Невена Божовиќ.

Поврзани новости