Го фатиле со марихуана кај „Мавровка“, во подрумот му нашле недозволено оружје

by fokus

30-годишен скопјанец со иницијали Б.К. бил уапсен вчера во близина на трговскиот центар „Мавровка“ откако полициски службеници нашле марихуана кај него. Уапсениот се товари и за нелегално оружје, бидејќи по претресот во неговиот подрум се пронајдени пиштоли и куршуми без дозвола. Против него е поднесена кривична пријава, а одредена му е и мерка притвор.

„На 09.10.2019 година во 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на булеварот “Крсте Мисирков“ во близина на трговскиот центар Мавровка  било сопрено патничко возило управувано од Ф.Г., а како совозач бил Б.К. кај кого при преглед била пронајдена марихуана и со потврда за привремено одземени предмети била одземена. Истиот ден, по издадена судска наредба од Кривичен суд  Скопје полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, извршиле претрес на домот на пријавениот во Скопје. При претресот во подрумските простории пронајдени биле: пиштол марка „P.Beretta – Mod 950 B – Cal. 6.35“ со една празна рамка за истиот, револвер со натпис „ZBrno“ модел Grand, шест куршуми кратко зрно, 15 куршуми нн марка и калибар, 322 куршуми долго зрно и марихуана. Б.К. е приведен и од страна на судија на претходна постпака му е одредена мерка притвор“, соопштија од МВР.

 

 

 

Поврзани новости