596
Фото: Томислав Георгиев
Меѓу најдобрите маски на денешениот Вевчански карневал беше и онаа за осумтемина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворање на Уставот, а во петокот и за уставните измени. Пратениците Елизабета Канческа Милевска, Нола Исмајлоска Старова, Зекир Рамчиловиќ и Крсто Мукоски на средина, и денеска го бранеа идентитетот во Вевчани. Тие пееја патриотски песни додека дефилираа на карневалот.
Тоа не беше единствената сатира за пратениците. Друга маска беше контејнерот наменет за народните избраници.