454
На социјалните мрежи се појави фотографија од поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, на распит кај судија на претходна постпака. Чавков е меѓу триесетмината приведени утринава за нивната улога во настаните од 27 април. Осомничените се товарат за загрозување на уставниот поредок.
Од позиција на началник на Бирото за јавна безбедност, Чавков е меѓу главните осомничени за крвавите настани при упадот во Собранието.