596
Македонија да добие датум за почеток на преговори, а во исто време Европската Унија да ја смени методологијата на водење на пристапните преговори како што бара Франција. Ова е новиот предлог кој ќе го понуди финското претседателство со ЕУ, кое ќе предложи отворање на пристапните преговори.
Методологијата која ја бара Франција претставува реверзибилен процес. Тоа би значело дека веќе затворени поглавја би морале повторно да се отворат доколку се утврди дека земјата кандидат има уназадување во одредена област.
За предлогот на финското претседателство вечерва ќе расправаат амбасадорите на ЕУ.