Силен земјотрес во Црна Гора го затресе и Скопје

by fokus

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во близина на општината Плав во Црна Гора, е регистриран претпладнево во 11:46 часот. Земјотресот е почуствуван и во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Црна Гора и Македонија, е почувствува и во Косово и Србија.

 

Поврзани новости