И покрај тоа што екс-премиерот, Никола Груевски, дојде на време на денешното рочиште во Кривичниот суд за предметот „насилство во Општина Центар“, судењето се одложи. Судијката Татјана Михајлова е распоредена во друг оддел на овој суд, согласно новиот распоред за работа на судиите што ќе стартува од Нова Година.
Обвинителот на СЈО, Гаврли Бубевски, рече дека нема пречи судењето да почне од почеток.
– Ова судење си имаше две признанија на вина, кои имаат правосилни одлуки. Вкрстеното испрашување на господинот Жерновски е специфичен процес што не би требало да се повторува уште еднаш, заради одговорите, и затоа е поцелисходно да се одложи сега, затоа што предметот ќе го преземе друг судија -изјави Бубевски.
Посочи дека процесите се движат и судењата ќе почнат по Нова година и нема да има никаков проблем.
Новото рочиште е закажано за 2 февруари, во 10 часот