Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање, рече дека го наследил Министерството со минус од нас еден милион евра. Во МВР имало дупка во буџетот наменет за плати од 39 милиони денари, а кон одредени фирми Министерството должело околу 30 милиони денари.
-И покрај тоа, успеавме во 2017 година да реконструираме и опремиме со канцелариски мебел седум објекти, набавивме 80 нови дрегери, 30 нови радари, поправивме 80 радари, после 12 години купивме нови одела за вработените во 6-та управа, машни и чевли. И во 2018 година предвидена е реконструкција на повеќе објекти и полициски станици, како на пример во СВР Куманово, ПС Галате и други. Сите ресурси ќе ги насочиме кон опремување на полицијата. Само со опремена полиција Македонија може да биде безбедна – рече Спасовски.