Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој денеска на прес конференција еден час ја објаснуваше аудио снимката каде се разговара за набавка на нов радарски систем, тврди дека од ВМРО-ДПМНЕ одбиле да се соочат на дебата со него.
„ВМРО ДПМНЕ и Иванка Ина Василевска Македонска бегаат од дебата. На покана на ТВ24 за дуел по актуелните прашања, истите одговараат дека не сакаат да дебатираат.
Вистината која денес ја слушнаа ги остави без аргументи“, тврди Рашковски.
Неговата прес конференција беше проследена од бројни новинари, кои го нападнаа со прашања владиниот генсек. Рашковски одговори дека нема да поднесе оставка по скандалот со објавената аудио снимка, а извадоците од снимката одби да ги коментира порачувајќи им на новинарите да се стрпат се до конечна судска пресуда.