381
Во полициската станица во Ѓорче Петров вчера околу 19.30 часот бил пријавен полов напад врз малолетно дете. Според полицијата идентитетот на напаѓачот се уште не е откриен.
„На 04.10.2018 година околу 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 08.00 часот во населбата Ѓорче Петров неговото малолетно дете било пресретнато од непознато лице на возраст од околу 60-65 години. Според пријавеното НН лицето извршило полов напад врз детето. За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на настанот“, велат од полицијата.