Моторџиите ќе плаќаат пониски патарини

by fokus

Мотоциклистичката Федерација на Македонија изјавува јавна благодарност до ЈП Државни патишта за измена на висината за наплата на надоместок за патарина за мотоциклите, при што мотоциклите се во посебна категоризација со помал надоместок.

„Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од Европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме“, соопштија од МФМ.

Поврзани новости