Коце го примил Ќосето, а сметката за негово лиење останала неплатена

by fokus

За пет донирани споменици, меѓу кои и на Андон Ќосето, е поведена судска постапка затоа што лиењето на овие споменици се уште не е платено од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради. Како што изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, неговиот претходник, Коце Трајановски, примил неплатена донација.

– Град Скопје доби допис од претпријатието „Рудници и железарница и институти“ што за потребите на здружението ги лиело спомениците што се донирани на Градот Скопје. Тие се неплатени кон нив и од нас е побрано известување каде се наоѓаат, заради потребите за судската постапка што ја водат за долг за неплатени споменици. Градот Скопје примил неплатена донација, рече Шилегов.

Градскиот татко не ја коментираше одлуката на Советот на општина Сопиште за поставување на споменикот на Ќосето во нивната општина. Едноставно, само рече, дека тие носат одлуки какви што сакаат.

 

Поврзани новости