459
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе има поднесоци против членовите на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ кои викендов скандираа низ улиците на Тетово пароли со етничка омраза.
„Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска ( 5 ноември ) оствари средба во Основното јавно обвинителство Тетово за целосно расчистување на случаите од 3-ти и 4-ти ноември, во кои непосредно биле инволвирани членови на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ од Тетово. На средбата се координирани активностите за конкретно квалификување на настаните, динамиката и следните чекори, со цел нивно комплетно расветлување и финално заокружување со изготвување на соодветни поднесоци против инволвираните лица“, соопштија од МВР.