470
Професорката, Тања Каракамишева, која беше претседател на Комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ, одговори денеска на соопштението од СДСМ, од каде прашуваа дали таа ги пишува прес конференциите на опозициската партија.
„Еве повторно сум главна тема на СДС, пишувам прес-конференции, лобирам кај Меркел и Макрон државата да не добие датум за преговори, крива сум за лошиот им политички рејтинг, еве од вчера и многу е жешко поради мене. Бело, бело, се е бело во таа партија!“, напиша Каракамишева на својот твитер налог.