Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ги демантира информациите дека унгарски служби му помогнале на осудениот екс премиер, Никола Груевски, да ја напушти Македонија. Тој вели дека прв пат се сретнале со Груевски кога се појавил во амбасадата на Унгарија во Тирана.
-Лага е дека Унгарија му помогнала на поранешниот премиер на Македонија да ја напушти земјата. За прв пат се сретнавме со феноменот, кога тој се појави во нашата амбасада во Тирана, Албанија. Тоа беше прв пат кога се сретнавме во врска со поводот. Немаме никаква поврзаност со тоа како тој ја напуштил Македонија и навистина е скандалозно што некои меѓународни медиуми сугерираат дека ние сме имале улога, што дефинитивно не е случај – изјави унгарскиот министер за „Глас на Америка“.