ЗНМ го повика новинарот Станковиќ да избере, или новинарството или владиниот ангажман

by fokus

Здружението на новинари на Македонија ги повикува своите членови и сите новинари кои имаат конфликт на интереси и имаат други ангажмани во рамки на Владата или останати јавни институции да се определат дали ќе се занимаваат со новинарство или со некоја друга јавна професија или функција.

Повикот следи откако во медиумите беше објавено дека новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година и дека добива месечен хонорар од 30.000 денари.

„По информациите во јавноста дека одредени новинари се ангажирани од институции на државно и на локално ниво, сакаме да укажеме дека тоа е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија.  Во темелните принципи, кои ги имаат прифатено сите наши членови, една од основните професионални задачи на новинарите е „контролата врз власта и другите субјекти од јавниот живот“. Понатаму според Кодексот „новинарите имаат улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, тие ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот“, стои во соопштението на ЗНМ.

Поврзани новости